Здравје
Слабеењето при хипотиреоза е возможно
Хипотиреозата е метаболичко пореметување кое повеќе го погодува женскиот дел од популацијата отколку машкиот. Всушност, се работи за намалена функција на штитната жлезда до која доаѓа поради намалено производство на следните хормони: тиреотропин (THS), тријодотиронин (T3) и тироксин.
Цимет
Мешавина од мед и цимет со векови наназад е потврдена лековита комбинација која може да лекува спектар од над 100 заболувања. Во сите производи на Медобил во чиј состав се наоѓа цимет се користи цејлонскиот тип.
БОЛКА-ПРИЈАТЕЛ И НАЈЧЕСТ СИМПТОМ
Не постои човек кој барем еднаш во животот не почувствувал некој тип на болка. Истражувањата докажаа дека секој петти човек или 20% од популацијата во Европа живее со хронина болка. Бидејќи секој човек има различен праг на толеранција, евидентно е дека болката е субјективен феномен. Секој различно ја доживува и различно ја опишува спред местоположбата, времетраењето и интензитот на јавување.
АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ-ТИВОК КРАДЕЦ НА СПОМЕНИ
Неспорен е фактот дека двегодишното живеење во услови на пандемија со корона вирусот и заболувањето Ковид-19 во целост го смени начинот на живот кај луѓето. Меѓутоа, исто така неспорен е и фактот дека пандемиското живеење покрај телесното го нарушува и менталното здравје. Тоа е докажано кај лицата кој веќе имаат некои психолошки состојби или болести, но се повеќе е евидентно како нарушување кое се јавува како постковид синдром, т.е. неколку месеци после прележувањето на заболувањето Ковид-19.
ДОБРИ И ЛОШИ МАСНОТИИ ВО КРВТА
Мастите или липидите во крвта се еден од основните параметри кои укажуваат за статусот на здравјето на секој човек. Доброрегулираните маснотии во крвта значат здрав метаболизам, додека лошорегулираните значат нарушување на метаболизмот на маснотии во крвта и потенцијално појава на болест. Хиперлипидемијата или зголеменото ниво на маснотии во крвта е едно од стотината хронични незарасни болести кое погодува близу половина од светската популација над 30-годишна возраст.
ИНТЕРАКЦИЈА СО ЛЕКОВИ
Меѓусебното дејство меѓу земените лекови се нарекува Интеракција со лекови. Станува збор за појава која секојденвно се случува ширум светот. Интеракцијата со лекови може да го потенцира или да го намали дејството(интензитетот) на земените лекови доколку не се следат упатставата на лекарите кои ги препишале тие лекови.
КАМЕН ВО БУБРЕГ
Една од најчестите болести кај луѓето е камен во бубрег. Може да се појави во едниот(унилатерално) или во двата бубрега(билатерално). Најчесто се јавува на возраст од 20-55 години и мажите два пати почесто наспроти жените имаат проблем со камен во бубрег.
МОЗОЧНА МАГЛА ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19
После две години од почетокот на пандемијата со коронавирусот и со заболувањето Ковид-19, светската научна јавност објавува цврсти и потврдени факти како резултат на медицина базирана на докази. Бројни истражувања и клинички студии недвосмислено докажаа дека кај речиси половина од прележаните пациенто си Ковид-19 постои тнр. Постковид синдром. После заразувањето кое се смета за акутна фаза од болеста, следува периодот на хронична фаза и хроничен тек на болеста. Каков ќе биде тој ќе зависи од нивото на имунолошкиот систем и од општата состојба на пациентот.
НЕПЛОДНОСТ-БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК
Живееме во време кога се се одвива многу брзо. Брзаме да пораснеме, брзаме да ги оствариме задачите и целите во животот, брзаме да го добиеме она за што сепак треба малку да почекаме. Ова брзо темпо не троши и предизвикува стрес. Доколку трае подолго време, стресот преминува во хроничен стрес, создава слободни радикали и го намалува нивото на имунолошкиот систем. Оваа верижна реакција директно доведува до појава на одредена состојба или болест.
РАК НА ТЕСТИСИ-ПРИЧИНА ЗА НЕПЛОДНОСТ КАЈ МЛАДИТЕ МАЖИ
Според СЗО, ракот на тестиси е основна причина за неплодност кај мажите кои се во полно здравје и полн животен елан. Најчесто ги напаѓа младите мажи на возраст од 18-35 години. Болеста сочинува 2% од сите малигни болести кои се јавуваат кај мажите и може да биде излекувана.