Магазин
Цимет
Мешавина од мед и цимет со векови наназад е потврдена лековита комбинација која може да лекува спектар од над 100 заболувања.
Циметот е зачин кој се добива од внатрешната кора од дрвјата под родот цинамом оттука и неговото латинско име Cinnamonum. Овој тип на дрвја виреат на места каде има високи температури и влажност,Јужна индија, Шриланка, Јужна Америка, Корабите…
Постојат 2 вида цимет:
– Цејлонски цимет (вистински цимет)
– Кајсија цимет (широко простран и користен)
Поделеноста на двата типа доаѓа во зависност од количината на кумарин, која ако се прекорачи како дневен внес може да биде штетна (повеќе ја има во кајсија цимет) иако и двата типа имаат свои здравствени придобивки, цејлонскиот е далеку подобар избор поради помалата количина кумарин, што го прави 100% безбеден по однос на здравјето.
Во сите производи на Медобил во чиј состав се наоѓа цимет се користи цејлонскиот тип.
Циметот е карактеристичен според специфичниот мирис и вкус кој доаѓа од компонентата наречена цинамалдехид.
Според сите научни испитувања и студии токму цинамалдехидот е одговорен за лекувачката моќ и силните позитивни ефекти во метаболичките процеси и здравјето на конзументот.
Циметот е особено богат извор на антиоксидативни компоненти како што се полифенолите.
Многу научни белешки според силното дејство, циметот го имаат ставено на листа пред лукот и ориганото, кои се сметаат за безконкурентни по својот антиоксидативен и антивирусен ефект.
Скоро и да нема заболувања врз кои циметот нема позитивен лекувачки ефект, но сепак ќе ги издвоивме најзастапените:
-моќен анти-дијабетик (значително ја намалува инсулинската резистентност)
-го намалува шеќерот за 15 до 20%
– подобрена работа на кардиоваскуларниот систем
-одличен чувар на имуниот систем од вирози и инфекции
-помага во регулирање на обработка и времетраење на варење на храната во системот за дигестија.
– лекува речиси секое заболување кое е предизвикано од оксидативен стрес бидејќи е незаменлив антиосидант кој му помага на организмот да се избори со слободните радикали.
-Циметот е енергетик кој може за период од само месец дена да ја зголеми животната сила и енергија кај луѓето за два пати од тоа што била. (циметот бил основна компонента во храната на градителите на пирамидите во Египет)
Циметот е компонета која се употребува како ресурс при производство на повеќе производи на Медобил, најголема концентрација содржат:
Актив Лајф
Медобил Голд
Мед со цимет и ѓумбир