Нашата приказна
Успехот нѐ инспирираше уште повеќе да ја прошириме нашата понуда. Низ времето, корисниците ни даваа многу инспиративни идеи, водејќи се од сопствените потреби, за да си го олеснат процесот на аплицирање и делотворност на нашите препарати.





На сите наши препарати редовно се вршат лабараториски и микробиолошки испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита – Скопје. Како потврда за сигурност и безбедност на исправноста на нашите препарати е поседувањето имплементација на HACCAP систем.
Првиот производ


Поради одличниот пласман и доверба кај корисниците, продолживме да усовршуваме производи и од гранката на препаративната козметологија, со тоа што составот од 65% го сведовме на природен ресурс, кој не би дозволил алергиска реакција кај лицето што се третира, дури и ако станува збор за хиперчувствителен дерматолошки случај. За кратко време, производите од антицелулитната програма (масло, крема и гел) станаа едни од најбараните на пазарот. Веднаш по нив пристигнаа лифтинг лосионот и кремата против стрии (уникатни по својот состав и делување), а потоа производите за нега на коса и стопирање на косопаст (Фоли Стронг), што исто така се покажаа како многу квалитетни и барани на пазарот.
МЕДОБИЛ
ПРЕПАРАТИ ЗА НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА ЕСТЕТИКА И ЗДРАВЈЕ
На чело на компанијата е сопственичката Наталија Ангелиус (едукативна наобразба – експерт по диететика, со бројни меѓународни признанија и сертификати, а нејзините предци, вклучително и таа самата, се апитерапевти – професионални пчелари од 1865 година), која во исто време е и иноватор на заштитената стопанска марка, патентирано име и технологија – брендот Медобил.
Медобил како компанија се наметна на домашниот и на регионалниот пазар како лидер со докажан асортиман на производи за слабеење и нега на убавината. Како и изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме со одговорна и посветена работа во доменот кој го опфаќаме и адресирање на побарувањата од нашите купувачи и конзументи.