Магазин
Зеленчукот и опасностите од Хеликобактер
Хеликоптер бактер пилори е бактерија од родот Грам-негативни, спирални бактерии (спирохети) која живее во гаститичниот мукус кој ја обложува гастритичната мукоза (слузница).
По едноставно кажано ова е бактерија која живе во желудникот и дуоденумот. Во човековиот желудник секојдневно се излачува одредена количина на желудочен сок кој во себе содржи дигестивни ензими и концентрирана хлороводородна киселина со кои ја разградува консумираната храна и микроорганизмите кои се внесуваат преку истата.
До неодамна се сметаше дека желудникот поради овој сок и неговата киселост е целосно стерилен и дека во оваа средина неможе да опстои ниту една бактерија, но токму видот на хеликобактер пилори го докажа спротивното.
Внатрешниот ѕид на желудочната кеса е обложен со тенок слој на мукоза кој служи за негова заштита, но токму во овој мукозен слој живее и самата хелико бактер пилори, која одкако еднаш ќе се насели во мукозниот слој станува способна да се бори против желудочните киселини и со помош на ензимот уреаза кој го поседува, ја претвара уреата во бикарбонати и амонијак, кои се јаки бази и со тоа ја наутрализа желудочната киселина, вака самата бактерија си создава заштитен слој благодарение на кој е заштитена од киселата средина во желудникот.
При секое инфицирање или населување на било која бактерија, во нашето тело се активира и реагира нашиот имун систем со што создава соодветни анти тела, првично IgA, а потоа IgG.
Во повеќето случаи овие антитела на крајот излегуваат победници, но за жал не и во случајот со хеликобактер пилори, поради неможноста да го пробијат мукозниот слој и да дојдат до неа. Откако ќе помине одредена временска дистанца и акутното инфицирање од хеликобактер ќе премине во хронична форма доведува до гастритис, чир на желудникот (дуоденумот), и оваа хронична состојба на подолг рок може да доведе и до карцином на желудникот.
Како се инфицираме си хелико бактер?
Хелико бактер е бактерија која се пренесува орално, ја внесуваме преку храната (недоволно измиени салати, неправилно хигиенски истректиран зеленчук или овошје, кои останале контаминирани со фетални остатоци-предизвикани од многу фактори, на пример- за време созревањето, транспортот или складирањето на истиот. Овој период од годината популацијата консумира зголемена количина на свежо овошје и зеленчук кои се многу препорачани и здрави но со тоа и преносливоста на хеликобактер пилори е уште поголема како и ризикот од инфицирање со истата. Помал процент на пренесување е и директно од човек на човек преку орален контакт (директно или преку предмет-лажичка,чаша,вилушка, чинија…) Социјално економските услови во кој живее одредена популација директно корелираат со процентот на инфицирање со хеликобактер пилори со што многукратно е забележан во земјите во развој (каде има ниска свест за хигиена, нечиста вода или голема загаденост) сразмерно со процентот во високо развиените земји.
Симптоми:
Први и и најчести симптоми кои се забележуваат кај лице инфицирано со хеликобактер пилори се:
– подждригнување
– чувство на надуеност
– жежење во желудникот
– мачнина
– болки во желудникот
Доколку се забележат овие симптоми препорачливо е лицето да направи лабораториско тестирање за откривање на бактеријата. Прв тест кој ќе одреди дали бактеријата е присутна во телото е одредување третман на инфекција преку столица или медицински кажано -анализа на фецес.
Втор метод кој одредува дали се работи за хронична или акутна форма на инфицираност со хеликобактер пилори е преку одредување на претходно споменатите анти тела (IgA) или (IgG).
Oд една страна:
Конвеционалната медицина успешно спроведува медикаментозни терапии при детекција на хелико бактер пилори.
Од друга страна:
Алтернативна медицина исто така во поново време успешно одговари на овој тип на инфицираност благодарение на современите технолошки методи при хомогенизирање на внимателно одбрани и селектирани природни компоненти. Токму со ваквите методи е иновиран и производот Гастро Продукт кој покажа успешни резултати при третман на хеликобактер пилори.